Чистењето на лице спаѓа во основна хигиена на кожата и потребно е на сите, без оглед на типот, состојбата на кожата или возраст.
Третманот на чистење на лицето е еден од најстарите третмани за нега на кожата кој до денеска не се променил значително. Не може да го замени ниту еден друг третман бидејќи лачењето на себумот е природен процес во кожата, а кога порите ќе се наполнат мораме да ги исчистиме доколку сакаме кожата да ни биде здрава и кремите кои ги внесуваме да се впиваат.
Освен природниот процес на лачење на себум, зголемено лачење предизвикуваат и други фактори , како што се слободните радикали, потење, нездрави животни навики и нетемелно чистење на кожата од шминка. Така да, механичкото чистење на лицето треба да биде дел од нашата рутина за убавина.
Со чистење на лицето го подобруваме ослободувањето од токсините, ја подобруваме циркулацијата, ја намалуваме видливоста на проширените пори, ја изедначуваме пигментацијата и го редуцираме воспалувањето на кожата.
Мешаната и проблематичната кожа потребно е да се чистат почесто и на тој начин да се избегнат проширените пори и лузни од воспалителни процеси, а сувата и осетлива кожа поретко и со тоа ќе се осигура добар тонус кој знае да биде проблем на сувата кожа.
Третманот се состои од 4 или 5 сегменти зависно од типот и состојбата на кожата:
- Пилинг или отстранување на мртвите клетки
- Отварање на порите што овозможува полесна екстракција на митисерите
- Механичко чистење или екстракција – истиснување
- Дезинфекција на порите со висока фреквенција или тонифицирање
- Смирување на кожата со маска за лице со која истовремено ја подхрануваме кожата.
Освен чистење на лицето, и масажа!
Особено сакам да ја сугерирам и масажата на лице, врат и деколте за кожата подобро да ги апсорбира хранливите состојки од маската и кремата кои ги нанесуваме на крајот од третманот. Масажата не се прави на кожа со акни и кај исклучително осетлива кожа.
Кожата која од некоја причина е оштетена и силно иритирана, куперозна кожа или кожа зафатена со себореа нема веднаш да се чисти за да се избегне дополнителна иритација, туку рамнотежата ќе ја постигнеме со специјализирани третмани.
Мешана, мрсна и проблематична кожа покажува голема склоност кон засилено лачење на себум и клиентите не смеат за го прескокнат овој третман, за нечистотијата и себумот кои се наоѓаат во порите не се акумулираат и да не дојде до проширување на порите и воспалителни процеси т.е. акни.
На сува или осетлива кожа исто така се препорачува овој третман бидејќи се склони на создавање на милиуми ( мали бели зрнца кои најчесто се создаваат во пределот околу очите, капаците или образите). Доколку милиумите не се чистат редовно, можат да се размножат во уште поголем број.
Непосредно после третманот се сугерира да се избегнуваат домашните пилинзи барем една недела, а шминка најмалку 2 часа после третманот. Со добра дневна и ноќна нега ќе одржиме оптимална хидратација.
СЕКОЈ МЕСЕЦ ANTI AGING CENTER BY PROMOITALIA ГИ РАДУВА СВОИТЕ ПАЦИЕНТИ СО ПОПУСТИ НА НЕКОЛКУ ТРЕТМАНИ.ИНФОРМАЦИИТЕ ЗА МОМЕНТАЛНИТЕ АКЦИИ МОЖЕТЕ ДА ГИ ВИДИТЕ НА НАШИОТ САЈТ www.antiagingcenter.mk ИЛИ НА ФЕЈСБУК СТРАНИЦАТА : Anti Aging Center by Promoitalia.
Олгица Стојимировиќ,
Сопственичка на Anti Aging Center by Promoitalia,Скопје
https://www.facebook.com/AntiAgingCenterMK/
https://www.instagram.com/antiagingmk/