4Д МЕЗОКОНЦИ – МОМЕНТАЛНО ПОДМЛАДУВАЊЕ

Веќе неколку години мезоконците се на самиот врв на естетските процедури за подмладување.Познато е дека мезоконците даваат и до 20 години помлад изглед,меѓутоа,бидејќи процесот на подмладување е постепен,се дошло до идеа мезоконците да се комбинираат со мезококтели за моментален лифтинг ефект.

Во Anti Aging Center by Promoitalia секојдневно ги работиме процедурите 3Д мезоконци,4Д мезоконци,но и се по популарните комбинирани техники (4Д мезоконци + ботокс,4Д мезоконци + хијалуронски филери и 4Д мезоконци и PRP третман).Нашиот стручен тим со искуство и знаење стекнат во Италија  и кај нас,строго води сметка за безбедноста на процедурите,но и за нивната ефикасност.Нашиот тим се залага за природни резултати,почитувајќи ги правилата на естетската медицина,па  не доаѓаме во ситуација пациентите да зажалат после третманот,или пак да се незадоволни од својот изглед.

Во Anti Aging Center by Promoitalia работи тим од стручни лица,кои најпрво ги сослушуваат желбите на пациентите,потоа докторот го дава своето мислење врз основа на проценката на физиономијата на лицето на пациентот,правилата во естетската медицина,но и останатите аспекти,како што се,типот на кожата,дебелината на кожата,староста и тн.Сето ова е многу битно за да се објасни на пациентот што се е изводливо,бидејќи понекогаш е невозможно да се задоволат желбите на пациентот со само една процедура.На пример,кај некои пациенти за да се отстранат брчките на челото доволно е само да се направи Baby ботокс,па не е потребно користење на мезоконците.Токму од таа причина е добро да се послуша советот на докторот,но во секој случај,желбите на нашите пациенти се на прво место.

Моментален лифтинг

4Д мезоконци е процедура при која 3Д мезоконците се вовлекуваат под кожата и додека иглата е сеуште во кожата,низ неа се вбризгува мезококтел кој има исклучително силен лифтинг ефект.Со ова мезококтелот многу брзо го истакнува лифтинг ефектот,кој се потенцира од ден во ден,а воедно,паралелно со овој процес,постепено доаѓа до ресорпција на мезоконците,околу кои се создава потполно нов колаген.Со оваа процедура се добива моментален лифтинг ефект.

 

3d2

 

Што се се работи со мезоконци?

Во Anti Aging Center by Promoitalia користиме повеќе видови на мезоконци,во зависност од индикацијата и посакуваниот ефект.Конците се PDO (polydioxanone) или PLA (polylactic acid) – Mesolacton,и спаѓаат во најбезбедни конци бидејќи се ресорптивни и биокомпатибилни,без несакани ефекти и алергиски реакции.Процесот на ресорпција трае 4-6 месеци,а ефектот 3-5 години.

Многу битен момент е оваа процедура да ја работи искусен и едуциран доктор кој ги познава сите техники на аплицирање на мезоконците,како и видовите и должините,со оглед на тоа што со некои конци добиваме лифтинг ефект,а со други подигање или “push up” ефект.

Примена на мезоконците

-изразени брчки меѓу веѓите,околу усните,или на целото лице и вратот

-опуштена кожа на лицето,подбрадокот,рацете,стомакот и нозете

-намалување на масни наслаги

-подобрување на општиот тонус на кожата.

 

17092791_10209796471483517_1994918479_o17015293_10209796471523518_1220112266_o 

СЕКОЈ МЕСЕЦ ANTI AGING CENTER BY PROMOITALIA ГИ РАДУВА СВОИТЕ ПАЦИЕНТИ СО ПОПУСТИ НА НЕКОЛКУ ТРЕТМАНИ.ИНФОРМАЦИИТЕ ЗА МОМЕНТАЛНИТЕ АКЦИИ МОЖЕТЕ ДА ГИ ВИДИТЕ НА НАШИОТ САЈТ www.antiagingcenter.mk ИЛИ НА ФЕЈСБУК СТРАНИЦАТА : Anti Aging Center by Promoitalia.

 net

Олгица Стојимировиќ,

Сопственичка на Anti Aging Center by Promoitalia

https://www.facebook.com/AntiAgingCenterMK/

https://www.instagram.com/antiagingmk/