Ултразвучна кавитација е метода на парцијално отстранување на масните клетки и целулит со ултразвук.
Тоа е неинвазивна и безболна терапија која овозможува брзо, сигурно и ефикасно преобликување на телото. Масните наслаги во поткожното ткиво се разбиваат, што директно резултира со намалување на обемот во третираниот дел на телото.
Подрачјата со поинтензивно насоберено масно ткиво се третираат со бранови со поголема фреквенција, додека деловите на телото со помала количина на масно ткиво се третираат со помала фреквенција, како би се заштитил мускулот и неговата обвивка.
Ултразвучната кавитација е единствена нехируршка и неинвазивна постапка која целно ги отстранува масните клетки на стомакот, колковите, задникот и останатите делови на телото.
Наведената метода користи специфично делување на ултразвукот и бранови со одредена фреквенција. Таквата фреквенција овозможува ултразвукот да делува исклучиво до одредена длабочина при која не доаѓа до мускулите, а со тоа се оневозможува нивно оштетување.
Кавитацијата е физички феномен до кој доаѓа кога се судираат ултразвучни бранови. Ултразвучните бранови произведуваат енергија (притисок) која поттикнува формирање на вакуум меурчиња. Овие, поради брзината на движење на ултразвукот и зголемување на притисокот, се зголемуваат и, кога ќе ја постигнат својата максимална големина, експлодираат произведувајќи силна енергија (притисок) на внатрешните гасови. Тоа ја оштетува мембраната на масната клетка на начин на кој таа станува порозна и ги ослободува мастите што се во неа (масни киселини – триглицериди, холестерол и глицерин).
По разградувањето на масните клетки, мастите во облик на триглицериди одат во меѓуклеточниот простор, каде со помош на ензимска активност се делат на глицерол и виши масни киселини. Глицеролот оди во крвта, а вишите масни киселини во црниот дроб, каде се метаболизираат, како и маснотиите што ги внесуваме со јадењето.
Важно е да се спомне дека дел од разградената маснотија патува низ организмот во вид на липопротеини и мора да биде потрошена во вид на аеробна физичка активност, во спротивно, повторно ќе се наталожи на други места.
Ултразвучната кавитација се смета за одлична алтернатива на хируршката липосукција. Сепак, кавитацијата е далеку помалку агресивна метода за слабеење. Оваа метода не користи анестезија, ниту пак се сечат околните ткива.
Кавитацијата е сложена медицинска програма, која бара адекватен пристап кон самиот третман, следење на крвниот притисок и останатите параметри, кои можат да индицираат проблеми со кардиоваскуларниот систем, од што произлегува потребата третманот да го изведуваат исклучиво стручни медицински лица. За нејзино изведување е потребно добро познавање на анатомијата и физиологијата на телото.
Иако наведениов третман се користи како козметички, тој воопшто не е безопасен. Доколку не се земе во предвид актуелната состојба на клиентот на кој се спроведува кавитацијата, може да дојде до несакани нуспојави.
Кавитацијата во поголемиот број на случаи не предизвикува несакани нуспојави, но секако треба да се направи анамнеза на здравјето на клиентот на кој ќе се аплицира.
Доколку се почитува горенаведеното, можностите за нуспојави се сведени на минимум.
Луѓето со проблеми на црниот дроб, срцето и васкуларниот систем не би требало да се подложуваат на ваков третман поради дополнителниот притисок на ѕидовите на крвните садови. Исто така, не смеат да прават кавитација и лица со вградени пејсмејкери, дијабетичари, трудници, доилки, луѓе со висок холестерол и триглицериди, воспаление на средното уво (поради звукот кој притоа се јавува во ушите), фебрилни состојби, метални протези, рани или воспалителни процеси во подрачјето, венозна или лимфна инсуфициенција.
Кавитацијата е моментално една од најчесто користени и најпопуларни методи за слабеење, во склоп на програмите за медицинско слабеење. После зафатот површината на кожата е неоштетена, нема болки и клиентите веднаш после процедурата можат да се вратат на секојдневните активности.
Бидејќи на телото му е потребно време да ги хидролизира отпуштените триглицериди и да ги исфрли сите продукти од разградувањето на масните клетки, како и да ги преработи и елиминира ослободените масни киселини, третманите на кавитација се спроведуваат еднаш на 7-10 дена (не помалку од 5 дена), со задолжителна лимфна дренажа. Бројот на третмани е индивидуален и се одредува после иницијална дијагностика. Таа најчесто вклучува мерење на поткожното масно ткиво и неговата дистрибуција.
Ултразвучната кавитација е предвидена за:
-преобликување и губење на локализирани масти (стомак,колкови,бедра,натколеници,задник)
-намалување на наслагите на целулит
-реактивирање на локалната циркулација
-подобрување на квалитетот на кожата и сврзното поткожно ткиво.
Доколку кавитацијата ја спроведуваат стручни лица праксата покажува брзо видливи и долготрајни резултати.
Во Anti Aging Center by Promoitalia користиме медицински апарат за ултразвучна кавитација-Proslimelt, произведен од Promoitalia.
Најнов апарат во склоп на ултразвучната медицинска технологија за контурирање на телото, Proslimelt, користи ниска фреквенција на ултразвук за топење на вишокот на маснотии и намалување на обемот.
Ефикасноста, брзите резултати и неинвазивни техники го прават Proslimelt многу популарен меѓу пациентите.
Proslimelt исто така се користи за лекување на болки во зглобовите, чувство на топлина во зглобовите и во третмани како литотрипсија.
Со Proslimelt можат да се третираат 2 зони истовремено.
СЕКОЈ МЕСЕЦ ANTI AGING CENTER BY PROMOITALIA ГИ РАДУВА СВОИТЕ ПАЦИЕНТИ СО ПОПУСТИ НА НЕКОЛКУ ТРЕТМАНИ.ИНФОРМАЦИИТЕ ЗА МОМЕНТАЛНИТЕ АКЦИИ МОЖЕТЕ ДА ГИ ВИДИТЕ НА НАШИОТ САЈТ www.antiagingcenter.mk ИЛИ НА ФЕЈСБУК СТРАНИЦАТА : Anti Aging Center by Promoitalia.
Олгица Стојимировиќ,
Сопственичка на Anti Aging Center by Promoitalia,Скопје
https://www.facebook.com/AntiAgingCenterMK/
https://www.instagram.com/antiagingmk/