Модерниот начин на живот доведува до предвремено стареење, а стресното секојдневие го напаѓа здравјето на луѓето. Хроничниот стрес е најновата модерна болест која зафаќа сè поголем број на луѓе, кои без разлика на нивната возраст забрзано стареат. Поради тоа научниците во последната деценија се трудат да ја развијат медицината и да наметнат нови трендови. Токму, естетската и антиејџинг медицина се вистински хит во светот. Promoitalia е светски познат бренд кој потекнува од Италија и постои повеќе од 25 години и истиот претставува синоним за иновативност и успех во полето на естетската медицина. Овој бренд кој е создаден преку голем број на научни истражувања во комбинација со генијални идеи, од минатата година постои и во Македонија, единствен на Балканот. На 19-ти март првиот антиејџинг центар во Македонија имаше отворен ден, т.н. Casa Aperta, на кој беа поканети сите граѓани кои имаа ексклузивна можност на лице место да пробаат дел од уникатните третмани на Promoitalia, да прошетаат низ просториите, но и да разговараат со стручните медицински лица. „Навистина сме изненадени од големата заинтересираност на граѓаните, кои вчера во текот на целиот ден доаѓаа во нашите простории за да се уверат во тајните кои ги има естетската медицина. Трендовите во светот одат кон тоа да секој човек повеќе обрнува внимание на своето здравје и својот изглед, а Promoitalia е врвно име кога станува збор за задоволување на естетските и здравствени потреби на луѓето на професионален и технолошки напреден начин, а со тоа тие да се чувствуваат убаво и среќно. Ме радува фактот што вчера на Casa Aperta кај нас дојдоа и мажи за да се погрижат за своето здравје и да го задржат мледешкиот изглед и со тоа паѓаат во вода сите верувања дека само жените се интересираат за естетската медицина,“ изјави Олгица Стојимировиќ, сопственичка на првиот центар против стареење во Македонија.