ШТО Е ХИЈАЛУРОНСКИ ФИЛЕР?
Хијалуронски филер е биоразградлив гел на база на хијалуронска киселина, подготвен во стерилни шприцови за еднократна употреба, подготвени за вбризгување под кожата. Хијалуронска кисeлина е природна супстанца која е застапена во човечкото тело и во кожата. Со текот на годините се намалува количеството на хијалуронската киселина во кожата, што доведува до појава на брчки и опуштена кожа. Со филерите се враќа изгубеното количество на хијалурон, што доведува до свежа, позатегната, еластична и хидрирана кожа.
КОГА СЕ КОРИСТИ ФИЛЕР?
Хијалуронската киселина во облик на хијалуронски филер се користи за зголемување и обликување на усните, потенцирање на работ на усните и подигање на аглите на усните, пополнување на брчките и браздите на лицето, вратот и деколтето. Филерите се брз и ефикасен начин за нагласување на јаболчниците и обликување на паднатите образи, враќање на тонусот на лицето и разубавување на контурите на лицето. Со филерите се третираат подочниците, дланките, и лузни на лицето и на останатите делови од телото. Хијалуронските филери не ја реметат мимиката.
Хијалуронот ни овозможува во потполност да го вратиме изгубениот тонус, што дава исклучително подмладен ефект. Корекција на брчките се прави по потполно природен физиолошки пат, а кожата го враќа својот младешки изглед. Хијалуронските филери се идеална алтернатива за пациенти кај кои не е потребна хируршка интервенција за подобрување на изгледот, за лица кои не се подготвени за естетска хирургија и за пациенти кои и после естетската хирургија можат да имаат подобри резултати со додавање на волумен со хијалуронски филер.
ДАЛИ ПРОЦЕДУРАТА Е НАМЕНЕТА САМО ЗА ЖЕНИТЕ?
Апсолутно не. Третманот со хијалуронски филери е наменет за двата пола, зависно од потребите и желбите на пациентот.
КАКО СЕ ИЗВЕДУВА ТРЕТМАНОТ?
По напавениот преглед и консултација избраната регија за третирање се чисти, дезинфицира и се обележуваат местата за инјектирање. Третманот се работи најчесто во седечка положба. Во текот на процедурата филерот се вбризгува во мали количества под кожата со помош на многу тенка игла или канила. Гелот и дава волумен на вдлабнатината под брчките, ја подига и на тој начин ја израмнува кожата на лицето.
КОЛКУ ТРАЕ ТРЕТМАНОТ?
Времетраењето на третманот зависи од бројот на третираните регии, па за секоја регија се одвојуваат околу 15 минути.
КОЛКУ ТРЕТМАНИ СЕ ПОТРЕБНИ?
За повеќето регии со еден третман може да се постигне посакуваниот резултат, а за одредени регии се препорачува да се работат во неколку фази, со истиот филер, заради поубав резултат.
КОГА СЕ ГЛЕДААТ РЕЗУЛТАТИТЕ?
Веднаш после третманот се забележува подобрување на третираната регија.
КОЛКУ ДОЛГО ТРАЕ ЕФЕКТОТ?
Во зависност од видот на филерот и регијата која се третира, траењето на ефектот е од 6 -18 месеци.
ДАЛИ Е ПОТРЕБНА АНЕСТЕЗИЈА?
За повеќето пациенти аплицирањето на филер е релативно безболно. Во повеќето случаи се нанесува на кожата локален анестетик во вид на крем или се користат филери од најновата генерација со кои располагаме, кои во себе содржат анестетик, па процедурата ја прават исклучително комфорна. Можната нелагодност во текот на третманот е минимална и краткотрајна.
КАКО ПОСЛЕ ТРЕТМАНОТ?
Поради можност од појава на благ оток се препорачува ставање на ладни облози на местото на апликација на филерот, по 10 минути на денот на третманот и ден после третманот. Не се препорачува масирање на третираната регија. Шминка може да се користи после 12 часа од интервенцијата.Веднаш после третманот пациентите можат да се вратат на секојдневните активности.
КОЛКУ ЧЕСТО СЕ ПРАВАТ ТРЕТМАНИТЕ?
Заради одржување на постигнатите резултати третманите се работат еднаш годишно или по потреба. Не постои ограничен број на аплицирање на хијалуронски филер во текот на животниот век.
ШТО СЕ СЛУЧУВА ДОКОЛКУ ТРЕТМАНОТ НЕ СЕ ПОВТОРИ?
Во случај да не се повтори третманот, со текот на времето лицето постепено ќе изгледа како и пред третманот.
НА КОГО НЕ СЕ ПРЕПОРАЧУВА?
Хијалуронските филери не ги препорачуваме на пациенти со инфекции во региите за третирање, автоимуни заболувања, кај пациенти со нереални очекувања, трудници и доилки.
КОИ СЕ НЕСАКАНИ ЕФЕКТИ?
Веднаш после третманот видливо е благо црвенило и благ оток кои поминуваат за неколку часа. Ретко се случува да се појави хематом кој поминува за 4-7 дена. Многу ретко, доколку настанат поткожни топчиња, можат да се отстранат со инцизија или хијалуронидаза. Но ова се нус појави кои се краткотрајни и како такви не би требало да претставуваат никаков проблем.
ДАЛИ МОЖАТ ДА ПРЕДИЗВИКААТ АЛЕРГИСКА РЕАКЦИЈА?
Хијалуронските филери се произведуваат со биотехнолошка постапка,во облик на стерилен проѕирен гел. Предност на модерните филери е во тоа што не се перманентни, за разлика од старите силиконски филери, и истите се подолготрајни од застарените колагенски филери. Дополнителна предност на хијалуронските филери е во тоа што не предизвикуваат алергиска реакција и нема потреба да се прават алергиски тестови, бидејќи не се од животинско потекло, за разлика од колагенските филери.
КАКО ЌЕ ИЗГЛЕДАМ ПОСЛЕ ТРЕТМАНОТ И КОЛКУ ДОЛГО ЌЕ ТРЕБА ДА ОТСУСТВУВАМ ОД РАБОТА?
Веднаш после третманот може да се појави благо црвенило и неколку црвени точки на местото на убодот. Сето тоа поминува најмногу за 12 часа, така да нема потреба за отсуство од работа после оваа интервенција. Ќе изгледате свежо, природно и подмладено.
ШТО СЕ СОВЕТУВА ПОСЛЕ ИНТЕРВЕНЦИЈАТА?
После интервенцијата совет е да не се конзумира алкохол барем еден ден, да немате голем физички замор или тренинг барем еден ден, 3 дена да се избегнува базен, сауна, сонце и солариум.
НА КОИ МЕСТА СЕ ВБРИЗГУВААТ ДЕРМАЛНИТЕ ФИЛЕРИ?
-Лузни од акни
-Назолабијални брчки (линиите од носот кон усните)
-Марионетните линии (линиите од усните кон брадата)
-Брчки од смеење (страничните линии од усните)
-Подочници
-Брчки од мрштење
-Пушачките брчки (брчки околу усните)
Се користат уште и за:
-Ремоделирање на носот
-Зголемување на усните
-Обликување на контурите на усните
-Подигање на аглите на усните
-Подигање на опуштената кожа на лицето
-Обликување на брадата
-Обликување на веѓите
-Контурирање на лицето
-Зголемување на јаболчниците.
СЕКОЈ МЕСЕЦ ANTI AGING CENTER BY PROMOITALIA ГИ РАДУВА СВОИТЕ ПАЦИЕНТИ СО ПОПУСТИ НА НЕКОЛКУ ТРЕТМАНИ.ИНФОРМАЦИИТЕ ЗА МОМЕНТАЛНИТЕ АКЦИИ МОЖЕТЕ ДА ГИ ВИДИТЕ НА НАШИОТ САЈТ www.antiagingcenter.mk ИЛИ НА ФЕЈСБУК СТРАНИЦАТА : Anti Aging Center by Promoitalia.
Олгица Стојимировиќ
Сопственичка на Anti Aging Center by PROMOITALIA,Скопје
https://www.facebook.com/AntiAgingCenterMK/
https://www.instagram.com/antiagingmk/