Седечкиот начин на живот, стресните денови на работа и брзите патувања оставаат траги на вашето тело. Лимфна дренажа е терапија при која со метода на притисок на точно определени делови на телото механички се потиснува наталожената меѓуклеточна течност. Со терапијата се поттикнува функцијата на лимфниот систем за побрзо да се излачат штетните материи од телото како и прекумерната течност. Целиот третман доведува до состојба на опуштеност, намалување на отоците и болката, која евентуално била присутна претходно.
ОПИС НА ТРЕТМАНОТ
Сознанието дека современиот начин на живот покрај добри носи и низа на непријатни и несакани работи, станува се појасно и поболно. Постојаниот стрес, предолгото седење, прекумерната телесна тежина, неправилната исхрана-сето ова претставува оптеретување за нашиот организам. Последица е лошата циркулација на ткивата-особено на нозете, задникот и стомакот, собирање на отпадните продукти на метаболизмот, полнење и зголемување на волуменот на масните клетки, отекување на нозете, создавање на целулит и проширени вени.
Лимфата е безбојна водена течност која е богата со белковини и бели крвни клетки (лимфоцити).
Лимфниот систем е од витално значење за здравјето на секој поединец. Како составен дел од имунолошкиот систем, помага во борбата против инфекциите, во одржување на рамнотежата на течности во телото, ги враќа протеините во кардиоваскуларниот систем и ги апсорбира мастите и витамините растворливи во масти од дигестивниот систем и истите ги транспортира во венската циркулација. Лимфниот систем е изграден од голем број на тенки лимфни садови кои ја собираат лимфната течност од различни делови на телото. Насоката на движење на лимфата во лимфните садови е секогаш центрипетална. Во сосотојба на мирување за 1 час протекува 120 мл на лимфа.
Функција на лимфата е да го храни ткивото и да ги прифати и елиминира штетните материи (детоксификација на ткивото). Лимфоцитите играат важна улога во имунолошкиот систем, го штитат организмот од инфекции. Се формираат и складираат во лимфните јазли, кои се со различни големини и форми и се наоѓаат во целото тело. Постојат 400-700 лимфни јазли и најголем број се во пределот на стомакот, потоа во главата и вратот, а останатите се во аксиларниот и ингвиналниот регион. Функција на лимфните јазли е филтрирање на штетни супстанции, како што се бактерии, отрови, мртви клетки, создавање на лимфоцити и регулирање на концентрацијата на протеини во лимфата.
Стагнацијата на лимфната течност може да го попречи протокот на лимфата низ лимфните садови. Забавена и намалена циркулација на лимфата доведува до таложење на токсини во телото, ја успорува испораката на хранливите материи до клетките и метаболичките процеси во нив, што понатаму негативно влијае врз работењето и состојбата на клетките, а со тоа и на ткивото и организмот како целина.
Лимфната дренажа е медицинско-козметички третман кој го поттикнува разградувањето на целулитот, намалување на обемот, ја поттикнува циркулацијата на ткивата и ги остранува едемите. Со лимфната дренажа, наречена уште и пресотерапија, се создава рамнотежа на течностите во организмот и подобра општа состојба на организмот.
Во AAC Promoitalia лимфната дренажа задолжително ја препорачуваме на пациентките кои не посетуваат за третмани за обликување на телото и сакаат уште подобри резултати. Лимфната дренажа на повеќе начини позитивно влијае на нашиот организам бидејќи пренесува хранливи материи и кислород од крвта до секоја клетка, а на враќање ги собира штетните материи и се враќа во крвотокот, па поради тоа се препорачува и после хируршки зафати бидејќи ја намалува болката, долготрајните лузни, задебелување на кожата, го зголемува имунитетот во третиранит дел на телото.
Лимфната дренажа во нашиот Центар може да се комбинира со сите третмани за обликување на телото, и се работи:
1.рачно
2.со машината Ray Light Code
3.со посебна програма на вибрирачката платформа Proellixe
КАНДИДАТИ
Кандидат за лимфна дренажа сте доколку:
- имате лоша циркулација на ткивата – особено на нозете, задникот и стомакот;
- ги таложите штетните продукти на метаболизмот;
- ви отекуваат нозете;
- приметувате целулитни промени на кожата и поткожното ткиво;
- ви се појавуваат нови или забележувате влошување на постоечките проширени вени.
ПОДГОТОВКА
Нема посебна подготовка за лимфна дренажа. Се што треба да направите е да се опуштите, да уживате во третманот и да се препуштите во рацете на нашите специјалисти.
ТЕК НА ТРЕТМАНОТ
Механичката лимфна дренажа во AAC Promoitalia најчесто се користи во процесот на слабеење т.е. отстранување на целулитот, бидејќи е најефикасна во исфрлање на вишокот на течности и отстранување на отпадните материи од организмот кои се менуваат со здрави и хранливи материи кои доаѓаат со крвта.
Мануелната лимфна дренажа е нежна, специјална, терапевтска постапка со која се потпомага работата на лимфниот систем, односно се активира циркулацијата на лимфата, се стимулира регенерација и исхрана на ткивата, се зголемува одбрамбената способност на организмот. Таа има корисен ефект врз нервниот систем, како и врз мускулниот, лимфниот и имунолошкиот. Со лимфната дренажа се постигнува рамнотежа на течностите во телото и се поттикнува подобра општа состојба на организмот. Ги регенерира и ја подобрува функционалноста на лимфните садови, капиларите и залистоците, делува на вегетативниот систем и го релаксира целото тело. Се изведува со посебни дренажни движења, со притисок и одредена насока заради елиминација на вишокот на течности и штетните материи од организмот. Лимфната дренажа е одличен третман за синдром на “тешки нозе”, проблеми со венска инсуфициенција или едем предизвикан од траума. Исто така е погодна за спречување на отоци, намалување на целулитот и добро секојдневно чувство.
Ray Light Code е апарат за фотобиомодулација,која користи LED технологија што стимулира биохемиски реакции и го поттикнува процесот на регенерација на клетките.Одличен при едематозен и фиброзен целулит,како и при задршка на течности.
Со овој третман механички се потиснува наталожената меѓуклеточна течност назад во крвотокот. На тој начин се намалуваат стомакот и колковите, се создава рамнотежа на протокот на хранливите материи и кислород, се подобрува циркулацијата и се спречува воспалувањето на вените, особено кај пациенти кои постојано седат на работното место.
Предности на комбинирање на рачната и апаратната лимфна дренажа:
- се работи на цело тело
- намалување на отоците на целото тело
- разбивање и разградување на целулитот
- подобрување на циркулацијата
- ја зацрврстува и затегнува кожата
- помага при исфрлање на токсичните материи од телото
- примената на пресотерапијата помага при процесите на заздравување на телото.
ОПОРАВУВАЊЕ
Нема период на опоравување после лимфната дренажа.Третманот можете да го направите за време на пауза за ручек,и веднаш потоа да се вратите на секојдневните активности.
СЕКОЈ МЕСЕЦ ANTI AGING CENTER BY PROMOITALIA ГИ РАДУВА СВОИТЕ ПАЦИЕНТИ СО ПОПУСТИ НА НЕКОЛКУ ТРЕТМАНИ.ИНФОРМАЦИИТЕ ЗА МОМЕНТАЛНИТЕ АКЦИИ МОЖЕТЕ ДА ГИ ВИДИТЕ НА НАШИОТ САЈТ www.antiagingcenter.mk ИЛИ НА ФЕЈСБУК СТРАНИЦАТА : Anti Aging Center by Promoitalia.
Олгица Стојимировиќ,
Сопственичка на Anti Aging Center by Promoitalia,Скопје