ЛАСЕРСКО ОТСТРАНУВАЊЕ НА ТЕТОВАЖИ

Историјата на тетовирање на кожата стара е речиси колку и самиот човечки род.Тетовирањето е познато на сите делови на планетата и во сите историски периоди.Тетовирањето е процес на механичко нанесување на пигмент во третиот слој на кожата-дермис.Со текот на времето,поради промената на ставовите или други социјални причини,доаѓа до одлука за трајно отстранување на тетоважата.

Во минатото,за отстранување на тетоважи се користеле разни видови на ласери,кои имале принцип на работа механички да се оштети пигментот,но доаѓало до оштетување на околното ткиво.Резултатите биле слаби,а оштетувањето на кожата големо.

Дури со напредокот на технологијата и употреба на Nd:YAG ласери,можно е да се постигнат задоволителни резултати.Овој тип на ласер делува исклучиво на пигментот со оглед на тоа што има многу краток импулс.Нема оштетување на околното ткиво,ниту пак има крварење.

Нашиот Proeraser ласер спаѓа во групата на Nd:YAG ласери.

 

 

1299083548POSTER_PROERASER_50X70

Кога тетоважата може да се отстрани со ласер?

Најраното отстранување на тетоважата може да биде една година после тетовирањето.Толкаво време е потребно за пигментот во кожата да се стабилизира.

Дали тетоважите потполно се отстрануваат?

Најлесно се отстрануваат еднобојните тетоважи.Кај тетоважи со повеќе бои процесот оди малце поспоро.Црната,црвената и сината боја најлесно се отстрануваат.Исто така,професионалните тетоважи полесно се отстрануваат со оглед на квалитетот на пигментот.

На кој начин ласерот ја отстранува тетоважата?

Ласерскиот зрак,благодарение на специфичната бранова должина го погодува само пигментот не оштетувајќи го околното ткиво.Пигментот се распрснува во ситни честички кои ги ресорбира нашиот лимфен систем.

 

frosting-from-laser-tattoo-removal_2

 

Колку третмани се потребни за ласерско отстранување на тетоважа?

Бројот на третмани зависи од големината на тетоважата,видот и количеството на боја,професионална или аматерска работа при тетовирањето,чистотата и видот на пигментот ,како и длабочината во која се наоѓа пигментот.Отстранувањето на тетоважа најчесто се изведува со 5-7 третмани во траење од 10 минути.Првиот третман дава најслаби резултати,бидејќи дерматологот го проценува пигментот на тетоважата и реакцијата на кожата и според тоа ја прилагодува силата на импулсот на ласерот.Со секој нареден третман силината на импулсот се зголемува.

Исклучително е битно третманот да го изведува дерматолог со искуство.Доколку се претера со јачината на импулсот може да дојде до трајно отстранување на пигментот на кожата во третираната регија.

Колку време е потребно за да се повтори третманот?

Помеѓу третманите за отстранување на тетоважа потребно е да поминат 4-6 недели.

 

tattoo-removal-in-4-sessions

Дали третманот за ласерското отстранување на тетоважа е болен?

Ласерскиот импулс се мери во наносекунди.За тоа време ласерот развива температура од неколку стотини целзиусови степени а посебно развиен систем за ладење ја лади кожата ,така да при самиот третман пациентот може да почувствува само пецкање.Кај повеќето пациенти не е потребна никаква анестезија,а при преосетливост на пациентите може да се користи локален крем анестетик.

Какво е чувството на кожата после третманот?

Третираната регија добива темно кафеава боја,благо отекува,постои чувство на пецкање во наредните 15-20 минути после третманот.За тоа време пациентот држи ладни облоги преку третираната регија.Подоцна,во текот на денот останува чувство на топлина на третираното место.

Како да се однесувате после ласерско отстранување на тетоважа?

После третманот пациентот добива упатство за користење на адекватни креми кои ја забрзуваат регренерацијата на кожата.Строго се забранува лупење на кожата на третираното место.После губење на пигментот новата кожа е многу осетлива на сончеви зраци.Неопходна е УВ заштита во наредните 3 месеци.

Финалниот изглед на третираната регија се добива дури после 6 месеци од завршување на третманите.

 

СЕКОЈ МЕСЕЦ ANTI AGING CENTER BY PROMOITALIA ГИ РАДУВА СВОИТЕ ПАЦИЕНТИ СО ПОПУСТИ НА НЕКОЛКУ ТРЕТМАНИ.ИНФОРМАЦИИТЕ ЗА МОМЕНТАЛНИТЕ АКЦИИ МОЖЕТЕ ДА ГИ ВИДИТЕ НА НАШИОТ САЈТ www.antiagingcenter.mk ИЛИ НА ФЕЈСБУК СТРАНИЦАТА : Anti Aging Center by Promoitalia.

 net

Олгица Стојимировиќ,

Сопственичка на Anti Aging Center by Promoitalia

https://www.facebook.com/AntiAgingCenterMK/

https://www.instagram.com/antiagingmk/