ЛАСЕРСКО ОТСТРАНУВАЊЕ НА НЕСАКАНИ ВЛАКНА

Ласерската епилација е најефикасен и траен начин за отстранување на несаканите влакна од сите делови на телото.Ласерот за епилација е апарат кој произведува светлина со одредени бои и бранови должини.

Со ласерската епилација целна  структура е  пигментот кој најмногу го има во влакното.Во тек на ласерската епилација,самите влакна го спроведуваат ласерскиот зрак до својот корен ,каде влакното практично се распрснува од топлината и на тој начин го оштетува својот корен.Од  третман во третман ова оштетување на влакното станува се поголемо а влакното кое се појавува после епилацијата со ласер станува се потенко и посветло.Со оштетување на коренот на влакното значително се намалува и успорува неговото растење.Останатите структури на кожата ласерот не ги препознава и низ нив поминува без никакви оштетувања.Од исти причини се третираат само влакна кои имаат пигмент во себе.

 

13239373_1031481676928112_8605259121988293105_n

 

Колку третмани на епилација се потребни?

Бројот на третмани на трајна епилација е индивидуален кај секој пациент и зависи од квалитетот на влакното и пребојувањето на кожата.Три третмани на епилација се пожелни, а најчесто тоа се 4-6 третмани.Доколку постои хормонално пореметување,третманот е помалку успешен,па по направените анализи им препорачуваме и терапија во комбинација со ласерската епилација на нашите пациенти.

 

Како да се подготвите за третманот?

Подготовката за првиот третман се состои во не кубење на влакната 3-4 недели пред третманот.Во тој период можат да се користат креми за депилација,ножички или жилет,а за процедурата потребно е да се види само еден милиметар на влакното над површината на кожата.Исто така,за поуспешен третман потребно е пациентот да дојде со природна боја на кожата.

 

Дали ласерската епилација е болна?

Мала осетливост може да се почувствува кога снопот од ласерот ќе го погоди директно коренот на влакното.Нашиот Promolight Plus ласер спаѓа во групата на најкомфорни апарати за пациенти,со оглед на посебната технологија за ладење на кожата со криоген,непосредно пред испалување на ласерскиот зрак.Исто така,нашиот ласер е еден од ретките ласери кои се користат и во летно време.

 

_1364972894_683c_p

 

Што се случува после третманот на епилација?

После третманот треба да се избегнува нанесување на хемиски супстанци директно на кожата ( креми,дезодоранс,парфем и сл.),кожата да се мие само со благ сапун и механички да не се иритира третираното подрачје 24 часа после епилацијата.Исто така,битно е веднаш после епилацијата да не се излегува на сонце или да се користи солариум.

 

Како да се однесувате помеѓу два третмани?

Помеѓу два третмани на ласерска епилација не се советува депилација.Влакната кои ќе израснат можат да се отстранат со жилет,крема за депилација или ножички.Повторувањето на третманот задолжително се изведува во периодот од 21-27 ден од денот на претходниот третман.

16788045_10209680334820173_371177269_n

Колку е безбедна ласерската епилација?

Ласерската епилација е потполно безбедна процедура.Фиксната бранова должина на ласерскиот зрак овозможува безбедност на сите околни структури на кожата како и задржување на зракот само во пигментот на влакното.Исто така,единствениот систем за ладење на нашиот ласер спречува можно оштетување на површинските слоеви на кожата.

Кожата после ласерската епилација е мазна,а доколку постоеле враснати влакна на површината прекриена со влакна,пациентот добива трајно решение за несаканите влакна.

 

 

 

СЕКОЈ МЕСЕЦ ANTI AGING CENTER BY PROMOITALIA ГИ РАДУВА СВОИТЕ ПАЦИЕНТИ СО ПОПУСТИ НА НЕКОЛКУ ТРЕТМАНИ.ИНФОРМАЦИИТЕ ЗА МОМЕНТАЛНИТЕ АКЦИИ МОЖЕТЕ ДА ГИ ВИДИТЕ НА НАШИОТ САЈТ www.antiagingcenter.mk ИЛИ НА ФЕЈСБУК СТРАНИЦАТА : Anti Aging Center by Promoitalia.

 

net

Олгица Стојимировиќ,

Сопственичка на Anti Aging Center by Promoitalia

https://www.facebook.com/AntiAgingCenterMK/

https://www.instagram.com/antiagingmk/